Кинезите со јасна порака до САД: Прво намалете го нуклеарниот арсенал, па потоа ќе разговараме

 

Кинезите би учествувале на трилатерални преговори за контрола на оружјето со САД и Русија, но само ако Американците се подготвени да го намалат својот нуклеарен арсенал на кинеско ниво.

Американските власти ја повикуваат Кина да се приклучат на трилатерални преговори за продолжување на „СТАРТ“ договорот помеѓу САД и Русија за нуклеарно вооружување кој инаку истекува идната година.

Фу Чонг, прв човек на одделот за контрола на вооружувањето во Кина, повтори дека Пекинг нема намера да им се приклучи на преговорите помеѓу Вашингтон и Москва, со оглед на тоа што американскиот нуклеарен арсенал е 20 пати поголем од кинескиот.

„Ве уверувам, ако САД кажат дека се подготвени да се спуштат на кинеското ниво, Кина веќе следниот ден ќе седне да преговара. Но, ние знаеме дека тоа никогаш нема да се случи“, изјави Чонг.

Според неговите зборови, повиците на САД не се ништо друго освен одвлекување на вниманието и изговор на Американците да се откажат од продолжување на договорот со Русија.

Тој истакна дека Кина „не избегнува меѓународен процес на нуклеарно разоружување“, туку дека е подготвена во рамките на Советот за безбедност при Обединетите нации да разговара со останатите пет членки за намалување на нуклеарната закана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега