Кипар поништи 45 „златни пасоши“

Кипарските власти соопштија дека поништиле пасоши на 45 лица, кои добиле државјанство со укинатата инвестициска програма, која беше во сила повеќе од 10 години до 2020 година.

Околу 7.000 луѓе добиле кипарско државјанство со програмата наречена „пари за пасош“. Програмата имаше поддршка од десничарската Влада се додека не се појавија обвинувања за можна корупција.

Не се објавени имињата на луѓето чии пасоши се поништени.

Кипарскиот пасош овозможува патување без виза во многу држави, како и право на живеење во 27 земји-членки на Европска Унија.

Инвестициската програма беше популарна помеѓу Русите и инвеститорите од Азија. Кипарските власти издаваа пасоши на апликанти кои исполнувале минимални услови за инвестирање во висина од два милиона евра.

Владината комисија соопшти дека повеќе од 53 отсто од лицата го добиле кипарско државјанство преку инвестициската програма на незаконски начин.

15.10.2021 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега