Кирил Пецаков противкандидат на Константин Георгиески за градоначалник на Охрид

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, ќе му се спротистави на актуелниот градоначалник на Охрид, Константин Георгиески кого вчера СДСМ му ја ја довери одговорноста по втор пат да се бори за престижната функција во македонскиот бисер. Во изјава за ТВ Сител, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски соопшти дека фаворит на партијата за прв човек на Охрид е актуелниот пратеник од нивните редови кој претходно бил советник во Општината Охрид и им е добро познат на охриѓани.

-Познат е и во лекарската фела како стоматолог, и меѓу спортистите како ракометар и сметаме дека може на Охрид да му го врати сјајот кој што во овие неколку години наназад Охрид го изгуби, па дури се најде и на црвената ризична листа на УНЕСКО,рече Милошоски.

Според Милошоски, предноста на Кирил Пецаков пред актуелниот градоначалник е затоа што Георгиески нема ист однос кон сите охриѓани.

-За некои охриѓани руши дивоградби, а за некои што се финансиски посилни не. Со тој селективен однос ја губи довербата кај граѓаните, смета Милошоски.

Кон крајот на овој месец, како што најави тој, се очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници во 45 општини, а останатите да бидат промовирани во август.

 

14.07.2021 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега