Ќе имаме убава пролет: Какво време не чека на почетокот на најубавиот период во годината

Некои очекувани, просечни количини на врнежи но и прилично високи температури не чекаат на стартот на оваа пролет. Таа календарски ни доаѓа веќе во четврток и според она што се нарекува долгорочна прогноза, ќе ни донесе прилично убаво време. До крајот на март се очекуваат не повеќе од 3 врнежливи денови. Температурите ќе се движат од 2 до 7 степени утринските и од 13 па да 23 степени максималните.
Крајот на март ќе биде прилично сончев и со температури кои ќе бидат над 20 степени.
Април ќе биде сличен како март со нешто повисоки температури. Практично во секоја од петте седмици во кои е распореден овој месец ќе има по еден до два врнежливи денови но температурите ќе бидат прилично високи. Минималните веќе нема да се спуштаат под 6 степени, а најчесто ќе се будиме во утра во кои температурите ќе бидат околу 9 степени. Дневните, ќе се стабилизираат околу 20 степени што најавува прекрасен пролетен месец.


 

19.03.2024 - 09:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега