Ќе паднат потписи: И лидерите на политичките подмладоци ќе се обврзат на фер и демократски избори

Денес, во организација на Институт Охрид, претседателите на политичките подмладоци ќе потпишат  Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говор на омраза. 

„Целта на овој настан е да ги обедини подмладоците на политичките партии да  ја покажат својата заложба за спроведување на слободни, фер и демократски избори и достоинствена и фер предизборна кампања, а воедно да ја искажат својата решителност да се борат против говорот на омраза и да промовираат намалување и отстранување на говорот на омраза во општеството.  Потпишувањето на оваа декларација ќе испрати јасна порака до целата јавност дека младите политичари, како идни носители на одлуки, се посветени на овие принципи.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ќе се обрати на настанот и ќе ја изрази својата поддршка кон младите политичари. Неговото присуство го потенцира значењето на овој настан и посветеноста на нашите институции кон поддршка на демократската култура“, стои во соопштението на Институтот Охрид.
 
Чинот на потпишување на Декларацијата е традиционален настан кој се одржува пред секои избори уште од 2014 година. 
Пред годинешниве избори, потпишувачи на декларацијата ќе бидат претседателите на подмладоците на 42 политички партии.

Настанот ќе биде јавен, церемонијален и отворен за јавноста.

03.04.2024 - 09:27
Фото: 
Архива

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега