Ќе пливаат во пари- за четири хороскопски значи месец мај ќе им донесе финансиски прилив

Месецот мај е тука, а со него стаса и топлото време, а со него и желбите и плановите за поубави нешта. За тоа секако, се потребни пари. Еве кои четири знакови ќе се „побогати“ во мај…

Вага

Сонцето во вашето поле на финансии делува во насока на одлична заработка. На почетокот од идниот месец ќе имате неколку предизвици кои продолжуваат уште од овој месец. Новите деловни можности овој пат се разбира ќе ги профатите бидејќи имате голема желба за стекнување на материјални добра. Можно е да имате дополнителни хонорарни работи, па ете причина овој пат да бидете доволно и дарежливи. Ќе бидете од голема корист за своето семејство па нема да ве гледаат како паразит.

Близнаци

Месеците април и мај се поволен период за вас. Ќе имате предлози за почнување нов бизнис, некои ќе ви бидат примамливи, но добро измерете пред да се впуштите во еден од нив! Ќе имате доволно енергија за се’ што ќе почнете, ќе можете и да го завршите. Ваквата шанса кај вас подолго ќе потрае, па може да здивнете бидејќи конечно воочивте дека вложеното носи видлив резултат без оглед на стресовите кои ги доживувавте во претходниот период.

Девица

Во периодот меѓу 17. и 26. мај ве очекуваат унапредувања во кариерата кои ќе водат кон зголемено богатство и моќ.Во овој период е можно да се случат и патувања кои исто така ќе ви донесат нов поглед кон животот и ќе бидат запамтени како неверојатни животни искуства. После 21. мај ве очекува зголемување на вашата самодоверба, со што лесно ќе достигнувате успеси на професионално поле, но и ќе добивате поддршка од вашите претпоставени што ќе ви донесе многу моќ во вашата кариера.

 

Риби

Исклучително добар месец за комуникација со луѓето. Бидете доволно колегијални бидејќи и вам ќе ви биде потребна поддршка. Ќе имате шанса да почнете работа со полни гради, а можно е не само една туку повеќе можности да ви се пружат. Немојте да се откажувате од еден деловен потфат бидејќи ќе имате мошне поволни бенифицирани аспекти кои може добро да ги искористите. Со луѓето во комуникацијата бидете искрени, за енергијата во работната организација да кружи позитивно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега