Ќе стане ли Максим Димитиревски претседателски кандидат?

Политичката партија Движење ЗНАМ - За наша Македонија вечер во Скопје ќе одржи прв конгрес.

Како што соопшти ЗНАМ, на конгресот ќе бидат донесени одлуки за усвојување Статут на партијата, за избор на нејзин претседател, избор на членови на Централен и на Надзорен одбор и за утврдување предлог  кандидат за претседател на државата.

Нема информации кој би можел да стане претседателски кандидат од оваа партија, но не се исклучува можнноста тоа да биде и нејзиниот основач, Максим Димитриевски.

22.02.2024 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега