Ќерката ѝ била убиена, а после ДНК анализа дознала уште една страшна вистина - мајка од Русија поминала низ пекол

Кога ѝ била убиена ќерката, Елена Александрова не можела да се помири со тоа, а дури после нејзината мачна смрт дознала дека малата Јана воопшто не била нејзино биолошко дете.

После злосторството, клопчето почнало да се одмотува па се дознало дека 10-годишната Јана,Лаи и нејзината постара сестра Алина со години биле сексуално злоставувано од очувот Јуриј. Тој бил главен осомничен, но се утврдило дека зад мачното убиство стои неговиот брат Олег.

Јуриј бил осуден на 13. години затвор, а Олег на доживотна. Мајката не знаела низ каков пекол поминувале девојчињата.

Кога дознала за страшното злосторство, Елена морала да го идентификува телото на Јана кое било пронајдено во шума во ленинградската  област. Ја препознала по облеката која ја носела.

Меѓутоа, ДНК анализата покажала дека таа воопшто не е нејзината ќерла.

Полицијата утврдила дека во болницата бебињата биле заменети во 2001 година.

Вистинската ќерка на Елена била пронајдена. Живеела со семејство кое исто така немало поим дека детето им било заменето после раѓањто.

На почетокот, Елена не можела да прифати дека Јана не е нејзиното дете и сметала дека нејзината облека ја ставиле на друго дете.

„Мислам дека не е мојата ќерка таа која е пронајдена мртва“, рекла тогаш.

Сепак, ДНК анализата потврдила се. Примерокот на Јана се поклопувал со другото смеејство.

Да биде уште полошо, на Еелена не ѝ е дозволено да ја гледа својата биолошка ќерка поради шокот кој девојчето може да го претрпи кога ќе дознае што се случувало во меѓувреме.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега