Ќучук: Следната година ќе организираме натпревар по историја со ученици од Бугарија и Северна Македонија

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук, кој е и нов претседател на европските либерали, доби плакета за придонес на филозофско-историскиот натпревар „Македонија и Бугарија – блиска и далечна“.

Ќучук е редовен ппддржувач на вакви иницијативи, а оваа плакета е уште едно признание за неговиот придонес во меѓународните односи на земјата.

– Исклучително важно е добрите примери и практики да ја добијат потребната поддршка од јавноста. Затоа ќе продолжам да ги поддржувам ваквите иницијативи, што ќе ги зајакнат нашите добрососедски односи во иднина, рече тој за време на доделувањето на наградите.

По доделувањето на наградите, европратеникот Ќучук и директорот на СУ „Вела Благоева“ Ангел Јанчев одржаа состанок на кој се договорија од следната година на конкурсот покрај ученици од Бугарија да учествуваат и ученици од Северна Македонија.

Двајцата сметаат дека местото на Северна Македонија е во Унијата и ваквите заеднички иницијативи се чекор кон подобри односи во иднина меѓу земјите. Шампионите ќе добијат шанса да гостуваат на ЕП во Брисел. Целта на натпреварот е кохезија и добрососедски односи да се развиваат во иднина.

Оваа година на конкурсот организиран од СУ „Вела Благоева“ во партнерство со Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“ и под покровителство на Ќучук, учествуваа рекорден број учесници од целата земја. Победниците на конкурсот ќе добијат награда и ќе имаат можност да го посетат Европскиот парламент.

21.07.2021 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа