Клековски: На ДУИ и СДС не им пречат зделките со конзулот на Белорусија и проруски бизнисмени додека води црна кампања против ВМРО-ДПМНЕ

„Немате што да кажете што ќе постигнете бидејќи никој нема да ви верува, тогаш се враќате на заплашување на луѓето со Русија како Баба Рога, истовремено таа власт што не заплашува дека изборот е меѓу Европа и Русија не и пречи да прави зделки со конзулот на Белорусија во Битола или не и пречи да прави зделки со црногорски бизнисмен кој е на црната листа. Јас одговорно тврдам дека во Македонија не само ВМРО-ДПМНЕ, туку голема главна политичка партија нема со било какви руски или проруски конекции“, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски во вечерашното гостување во вестите на Телевизија Алсат.
 
Клековски смета дека токму ваквиот начин на водење црна кампања против опонентот за наводна проруска ориентираност, се одраз на неуспешното водење на државата и немањето постигнувања во седумгодишното владеење, за што единствена опција им е да се служат со црни кампањи за да го напаѓаат противникот.
 
„Место да се води кампања за тоа што ќе постигнеме, ДУИ и СДС немаат таква кампања, немаат резултати со кои би се фалеле. Многу жално е што денеска премиерот Талат Џафери отвораше реконструиран пат од 3км. Тоа е врвот на постигнувања во седум години. Мислам дека граѓаните не треба веќе да слушаат што се збори туку да гледаме што се прави, дополнува Клековски.
13.03.2024 - 21:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега