Клековски: Владата е најголемиот кршач на работничките права во Македонија

Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на трибината наречена „Повисоки плати за просветниот кадар“ истакна дека со заминувањето на Мила Царовска од министерството за Образование и Наука се докажа дека владата предводена од СДСМ водела неуспешни политики во образовниот систем.

-Ако сметате дека сте успешни како влада во образованието, ако сметате дека успешно се водат политиките нормално е да министерот да ја продолжи кариерата и функцијата за да ги доврши нели пошто во две годни не се прават реформи во образованието па да ги доврши започнатите работи. Самото заминување на Мила Царовска од владата на СДСМ говори дека во период на политиките за образование  е оценет како погрешен, истакна Клековски.

Тој исто така тврди дека најголем кршач на работничките права во Македонија е самата влада.

-Јас најодговорно тврдам дека владата е најголемиот кршач на работничките права, и тоа не само во сегментот на платите туку и во другите сегменти на стабилно вработување бидејќи ако сакате да задржите квалитетен кадар не е само платата туку тој треба да има некој перспектива, некоја стабилност во работата, рече Клековски.

17.04.2022 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега