Клиент направил метеж во Еуростандард откако не успеал да си ги подигне парите - полицијата е на терен

Барањето на еден клиент да ги повлече своите 500.000 денари од благајната на Еуродстандард банка во Кавадарци предизвика вистински метеж во експозитурата по што морала да интервенира и полицијата, јавува порталот Лидер.

Засега нема информација што точно се случува во банката.

Како што јавува порталот, клиентот сакал да ги подигне парите откако Народната банка соопшти дека ја одзема лиценцата на Еуростандард.

Порталот јавува и за зголемено присуство на полициски службеници пред експозитурата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 19:20
Фото: 
Лидер.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега