Коалиција ААА: Владата е неспособна да обезбеди вакцини

Коалицијата Алтернатива – Алијанса на албанците денеска обвини дека Владата не е способна да обезбеди вакцини против КОВИД за граѓаните.

Според коалицијата, театарот со гласање доверба на Владата во Собрание не ги покрива загубите на десетици животи.

-Деновиве, кога сите земји во регионот продолжуваат да ги имунизираат граѓаните со вакцини против КОВИД-19 и кои се гордеат со конкретни бројки за вакцинирање по глава на жител, Владата на Република Северна Македонија не успева, по сите обиди, да обезбеди вакцини. Сите сме сведоци дека на овој мозаик на неуспеси му беше додадена и неспособноста да се обезбеди кинеската вакцина. Звучи изненадувачки, но земји како Црна Гора и Унгарија, успеаја да ги набават планираните вакцини од контингентот на овие вакцини, додека граѓаните на Северна Македонија уште еднаш слушнаа само празни зборови и ветувања, велат од Коалицијата.

Според нив, ова бесконечно пролонгирање на имунизацијата на населението, покрај тоа што директно ги загрозува животите на граѓаните, ги намалува и надежите за постепено отворање на нашата држава и домашната економија.

-Дури и кога сите земји од регионот и ЕУ ќе го завршат овој процес, за нашата земја ќе следи изолацијата со невидени последици, оценува коалицијата Алтернатива – Алијанса на албанците – Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2021 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега