Коалиција ВРЕДИ: Очајни потези на ДУИ


„Обидот на ДУИ да претстави некакво коалициско окрупнување во таканаречен Европски фронт е патетично. Прво, ги извадија своите послушници во опозицијата, па им направија партии, а сега паднаа на дереџе од немукает да ги претставуваат како нивен достоен коалиционен партнер. Изронија трошки за да сега во очај ги собираат. Да не беше смешно ќе беше трагично“, велат од Коалиција ВРЕДИ.

„Што се однесува до нивните бајати конструкции, да не им останеме должни. На самоназначените “ловци на Руси” им порачуваме да си погледнат во сопствените редови. Казино бизниси со српско подземје, руски бизнис врски со Дака Давидовиќ, стриптиз Соравија, Будимпештански планови за враќање на Никола Груевски, функционери на црната листа на САД и домаќини на Сергеј Лавров, се заштитен знак на ова исплашено раководство на ДУИ.

Ќе биде многу интересно да се гледа “големиот верник” Скендер Реџепи како ги брани овие неморални и коруптивни зделки на Ахмети, Груби, Османи и нивните соработници. Се ближи 24 април, а брзо ќе дојде и 8 мај, кога ДУИ и приврзоците ќе се соочат со реалноста“, се наведува во соопштението на Коалицијата ВРЕДИ.

19.03.2024 - 17:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега