Коцевски: Велес ќе добие модуларна монтажна КОВИД болница

На Велес му се доделени модуларни елементи, кои се странска донација, за изградба на модуларна монтажна КОВИД болница со капацитет од 33 болнички легла. Таа ќе биде изградена на парцела до хелиодромот над Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница, на местото познато како „Германски гробишта“, информира на денешната прес-конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

– Во наредниот период ќе се бара решение како да се завршат инфраструктурните работи за да може да дојде до монтирање на елементите. Локацијата која е одредена за оваа намена е парцелата лево од Инфективното одделение веднаш до хелиодромот над Хирушките амбуланти на ЈЗУ Општа болница, Велес, изјави Коцевски.

Тој посочи дека Велес е една 16 општини каде треба да се распределат модуларните КОВИД болници.

Тој информира дека за оваа намена на барање на Министерството за здравство, општините треба да го бетонираат платото и да обезбедт приклучок на водоводна и канализациона мрежа, иако болниците се национални, а не локални установи и тоа не е надлежност на локалните самоуправи.

– Ние за жал немаме предвидено таква ставка во буџетот и допрва треба да бараме решение како да обезбедиме средства за да ги извршиме нашите надлежности или треба да ја известиме Владата и Министерството за здравство дека не можеме да обезбедиме такви средства. Причината е затоа што финансиската состојбата на Општината станува критична поради состојбата со КОВИД-19 и по последиците од невремето, а кои ни одземаа допонително финансиски средства. Така што ќе мора да правиме или со ребаланс на Буџетот или со измена на програмите, да обезбедиме средства за оваа болница, појасни Коцевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега