Кочан прво треба да ја плати казната па да бара спас од Врховен

Бизнисменот Сеад Кочан го бара последниот спас од Врховен, каде што бара вонредно преиспитување на пресудата, бидејќи на 17 јули треба да влезе во затвор и да ја издржи затворската казна од 4 години и 8 месеци. 

-Судот согласно одредбите од ЗКП најпрво мора да постапи во редовна постапка во сите фази на постапувањето пред да се проследи до надлежниот суд кој одлучува по вонреден правен лек. Предметот е во фаза на извршување на санкциите изречени со правосилната  пресуда на Апелациониот суд Скопје, а која се уште не е извршна во делот на паричната казна спрема обвинетото правно лице – Трансмет, што е дел од редовното постапување кое како што наведовме погоре има предност пред вонредното постапување, велат од Кривичен за Фокус.

Од осудените и фирмите треба да се направи конфискација на имот во вредност од 17 милиони евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега