Кочани: Возач прегазил малолетничка и избегал - Девојчето е тешко повредено

Вчера во 17.10 часот во полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Страшо Ербапче” непознато патничко возило удрило во малолетен пешак од Кочани и го напушило местото на несреќата. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани, информираат од МВР.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кочани и се работи на расчистување на случајот.

03.12.2021 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега