Кочоска Димитриеска: РЕК Битола е надвор од функција, јаглен има за два дена

РЕК Битола е рбетот на енергетскиот систем на земјата и гарант дека државата нема да остане без струја. Овој капацитет заради неспособноста на владата од утрово е надвор од функција. Откако пред неколку дена се запали трансформатор на блок 3, утрово има проблеми и со блок 1. РЕК за првпат по години не произведува струја и тоа не е не планирано, туку од неспособност во сред енергетска криза, кога цените на струјата на светските берзи рушат рекорди, истакна на денешната прес-конференција Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

08.11.2021 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега