Кочоска: Во аферата „Еуростандард“ тешка 200 милиони евра, се делени над 20 милиони евра кредити без покритие на струмички компании

Пропаѓањето на „Еуростандард банка“ вториот ТАТ, е афера тешка околу 200 милиони евра, колку што и вредеше активата на банката заклучно со 31.12.2018 година, за жал последниот јавно расположлив ревизорски извештај на банката, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ .

„ Епилогот е 100 илјади блокирани сметки, четириесетина илјади пензионери без своите пензии, измамени штедачи и над 20 милиони евра депозити кои што ќе останат непокриени. Но воедно овде се отвора и сомнеж за криминално и коруптивно работење.

Според неа, вистинското прашање во аферата е на кој начин се одобрувани кредитите кои набрзо, како што вели, станувале лоши пласмани и зошто тоа било премолчувано од најмалку три финансиски институции задолжени за контрола на банките.

„ Дали е точно дека во аферата Еуростандард банка тешка 200 милиони евра, над 55 милиони евра кредити без покритие се делени на различни компании меѓу кои и струмички компании блиски до власта? Јавноста ја интересира кои се тие компании кои земале пари без покритие, или со хипотеки со преценета вредност. Сомнежот е дека се делени кредити за недвижнини со нереална и над проценета вредност со цел да се добијат повеќе пари. Да потсетиме дека Зоран Заев изјави дека знаел за работењето на банката една година, а министерката за финансии заштедата од 250 илјади евра навреме ја извадила од банката. Ова е коруптивен случај чии пипци одат до највисоките структури на власта“ истакна Кочоска.

На новинарско прашање кој е коментарот на ВМРО-ДПМНЕ по објаснувањето на Антикорупциската Комисија дека поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска имале етичка одговорност но немала кривична одговорност со тоа што ги повлекла парите, Кочоска вели дека е шокирана.

„ Ако Зоран Заев изјави дека пред една година точно знаел дека банката има проблеми и ако точно пред една година па можеби и повеќе од тоа, бидејќи гувернерката досега не се произнесе по однос на тоа кога и во кој момент адекватноста на капиталот на банката паднал под 8, согласно законскиот минимум тоа значи дека банката требала да биде затворена една година претходно. Во меѓувреме Нина Ангеловска станува министер за финансии, поминува една година во која банката е под тој законски минимум и министерката полека, полека го намалува својот депозит. И уште нели најшокантно на месец и пол пред избори таа ги повлекува и последните средства, а притоа да не заборавиме таа е дел од Комитетот за финасиска стабилност. Како може Нина Ангеловска да нема информации и да не знае дека банката последната година имала проблеми. Оттука се поставува прашањето дали таа намерно и полека го вадела својот депозит за да не биде воочливо нели одеднаш и притоа токму заради такви случаи како Нина Ангеловска кој што требале во последната година да ги повлечат своите депозити се одвлекуваше стечајот на банката и не баш пред избори не знам зошто повторно гувернерката ќе треба да одговори на прашањето, туку после избори ние имаме отварање на стечај на банката. Антикорупциска по мене тука е само и не помене, туку е и ставот на ВМРО-ДПМНЕ е само продолжена рака на Зоран Заев. Со оваа одлука која што ја донесе тоа е и ништо повеќе не може да се заклучи за Антикорупциска“ порача Кочоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега