Коциќ: Единствена цел на техничкиот министер за внатрешни работи е да создаде хаос

 

Точно е дека парламентарните избори се распишаа, очекуваме дека Македонија ке го продолжи патот кон евроинтеграциите,нема да дозволиме да бидеме опструирани во нашите европски интеграции и дека оваа држава ќе се развива и после изборите на 8ми мај како нормална европска демократија. Точно е дека настанаа проблеми околу собраќајните дозволи, меѓутоа тоа не може да влијае на процесот на избори затоа што личните карти се валидни и граѓаните ќе можат да гласаат со личните карти кои што ги имаат. Проблемот којшто настана со возачките дозволим ислам дека беше намерно исцениран од партијата која како опозиција влезе во техничката влада, со тоа што ние имаме закон донесен 2021 година, којшто предвидуваше замена на возачките дозволи и книшки, до 12.02.2024година, меѓутоа најавите на претседателот Ковачевски и екс министерот Спасовски дека нема да има казнување за граѓаните кои што не ги смениле, бидејќи тоа се однесува за граѓаните на оваа држава. Иста изјава имаше и сега техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ на 06.02.2024 год., дека нема да бидат казнувани за после неколку дена, во објава од МВР дека граѓаните ке бидат казнувани доколку не направат промена на возачките дозволи, што создаде немир и хаос во општеството,“ рече пратеникот од СДСМ,Ненад Коциќ во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Тој посочи дека не се очекувало од оние кои седум години се удирале во гради дека никогаш нема да ја признаат „северна“ први настапиле со казни кон граѓаните.

„Единствена цел на техничкиот министер е да создаде хаос. Има пропусти во организацијата и можеше подобро да се организира, меѓутоа ДПМНЕ ја искористија оваа состојба и направија граѓаните да се чувствуваат небезбедни,загрозени, но добро е што успеавме овој проблем многу брзо да го решиме,“ рече Коциќ.

 

14.02.2024 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега