Кога ќе се избориме со пандемијата, човештвото ќе реши еден голем проблем

Пандемијата на коронавирус може да ни даде увид во тоа какви глобални закани по здравјето нè чекаат додека планетата станува потопла.

Начинот на кој се бориме со пандемија, може да влијае и на справувањето со климатските промени, велат здравствените експерти на Светскиот форум за социјално претприемништво.

„Важноста на ова прашање повеќе може да се види преку соочување со Ковид-19, отколку преку влијанието на климатските промени“ рече Мандип Даливал, директор за ХИВ, здравство и развој во Програмата за развој на Обединетите нации.

Ќе расте уништувањето на шумите и ширењето на полјоделството што ќе доведе до климатски промени и близок контакт со болни диви животни, рекла таа.

Центрите за контрола и превенција на болести во САД известуваат дека пандемијата на коронавирус потекнува од лилјаци и раните инфекции се поврзани со голем пазар на животински свет во кинескиот град Вухан.

Заканите за белите дробови како што е загадувањето на воздухот, предизвикано од употреба на фосилни горива кои исто така предизвикуваат климатски промени, ги прават луѓето поранливи од респираторни заболувања како коронавирус, додаде таа.

Без да се осврнеме на основните фактори што ја прават пандемијата толку деструктивна - од недостаток на подготвеност до недоволно финансиран и кревки здравствен систем - светот „постојано ќе талка од епидемија до епидемија“, предупреди таа.

Но, Лиз Диболд, од фондацијата „Скол“ со седиште во Калифорнија, која ги поддржува социјалните промени и деловните активности, рече дека вирусот нуди некои позитивни лекции за климатските активности.

„Ковид-19 навистина ни покажува дека кога човештвото ќе се обедини за заедничка цел, можна е феноменално брза промена“, рече таа, истакнувајќи дека тоа е возможно дури и во навидум нерешливи проблеми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега