„Кога видов дека не дише, не мислев дека го убив“ - хрват си го уби 2-годишниот син и раскажа детали

Италијанската полиција излезе со нови детали за убиството на двегодишното дете, кое било претепано до смрт од таткото, пред два дена во семејниот стан во Милано. На убиецот, А.Х. (25) по потекло од Хрватска, татко на четири деца, му е одреден притвор. Истражниот судија рекол дека не постои опасност од бегство, но А. Х. би можел повторно да убие.

Обдукцијата на умреното момче е закажана за следната недела за да ги потврди шпекулациите оти  таткото и претходно физички го злоуставувал. Бидејќи она што е откриено за време на истрагата е монструозно. Иако првично инспекторите мислеле кога го нашле мртво детето на креветот дека таткото му ги врзал нозете за да го спречи да се движи, наскоро сфатиле дека мајката му ставала газа на стапалата бидејќи А.Х. од мерак му ги палел нозете со запалка!

Повредите од изгореници очигледно биле неподнослива за малечкиот бидејќи целата ноќ пред убиството неутешно плачело. Тоа беа звуци, кои за жал го разбесниле неговиот татко, кој посегнал за хашиш за да се смири. Но како детскиот плач му станувал сè понеподнослив, А.Х. одлучил да го претепа синчето.

-Вистина е дека го претепав до смрт. Но верувајте ми, не сакав да го убијам. Го испушив хашишот, а како никако не можев да заспијам, станав и го удрив. Кога видов дека не дишев, не мислев дека го убив, рече убиецот во своја одбрана пред јавниот обвинител.

Освен починатото дете, А.Х. и неговата сопруга, исто така од Хрватска, имаат уште две девојчиња стари три и една година, кои биле згрижени од Центарот за социјална работа, додека еден постар син живее во Хрватска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2019 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега