Кои се најзгодните фраери според Бред Пит

Актерот Бред Пит неодамна во опсежно интервју за „Вог“ говореше за лансирањето на својот бренд за нега на машката кожа, Le Domaine Skincare.

Очекувано, во текот на разговорот за тоа како мажите треба да се грижат за себе и што нуди неговата козметика, актерот се осврна и на тоа кој за него е најзгоден маж на светот.

„Знаете, во светот на актерите, бидејќи тоа е моја работа што ја работам секој ден… мислам дека тоа е Пол Њумен затоа што старееше многу грациозно. И, беше навистина посебно, талентирано, топло и вистинско човечко суштество. Aко треба да именувам и некој од луѓето што сè уште се со нас, морам да го истакнам Џорџ Клуни?“, одговори актерот.

Бред Пит додаде дека неговата тајна за добар изглед не е комплицирана – малку здрава храна и вежбање, но ништо опсесивно, работа на креативност, време со саканите

22.09.2022 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега