Кој е Беким Сали - човекот кој ќе го наследи Филипче?

Поранешен шеф на кабинет на Бујар Османи, стоматолог и сопственик на текстилен бизнис. Ова накратко се информациите кои може да се најдат за новиот министер за здравство Беким Сали, кој по новата коалиција на Заев и Гаши треба да го испрати Филипче во политичка пензија.
Беким Сали во политиката е 6 години, а во моментов ја извршува функцијата Генерален секретар на Алтернатива. На последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на Алијанса и Алтернатива но ги загуби изборите.
Политичката кариера ја почнал како шеф на кабинетот на Бујар Османи додека овој беше Министер за здравство што значи дека има искуство со ведење на овој ресор.
По професија е стоматолог но работи и во текстилниот бизнис.

06.12.2021 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега