Кој од кој поголема стипса: Маск ја отстранува верификацијата на Твитер профилите на славните кои не сакаат да платат 8 долари

 

Сината значка со ознака штиклирање на Твитер отсега првенствено ќе укажува дека тоа е профил што му припаѓа на некој што му плаќа 8 долари на Илон Маск – еден од најбогатите луѓе во светот. За да има „сина значка“ која означува проверен профил секој што го сака тоа ќе треба да потроши осум долари месечно.

Како што објави Маск, на 20 април, Твитер ќе ги отстрани ознаките од илјадници „стари“ проверени сметки – оние што компанијата претходно ги сметала за „активни, значајни и автентични“ – освен ако тие корисници не се претплатници и на „Twitter Blue“.

Такa некои од најследените славни личности на Твитер го изгубија статусот на проверени сметки, вклучувајќи ги сметките на Џастин Бибер, Кети Пери, Лејди Гага, Ким Кардашијан, Селена Гомез, Бил Гејтс, Џеј Ло, Бијонсе, Опра Винфри… и Доналд Трамп.

Некои, пак, како кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс и актерот Вилијам Шатнер од „Ѕвездени патеки“ изјавија дека не ни имаат намера да платат за оваа услуга.

23.04.2023 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега