Колариќ: Буџетот за животна средина е намален – јас не знам каде е Макрадули најодговорен што во Скопје секој ден е загадено

За околу 100 милиони денари е намален буџетот за животна средина во споредба со оној од минатата година, тврди за Детектор советничката во Советот на град Скопје, Светлана Колариќ
„Градоначалникот сите мерки што ги спомна се во насока на „ќе направиме“. Тоа значи дека сите мерки кои што се спомнати се паднати во вода и дефинитивно, процентот на намалување на загадувањето со овие споредбени анализи кои што не е работа на градоначалник на Град Скопје се прашање на Министерство за животна средина и јас не знам каде е Јани Макрадули кој што е најодговорен за овој дел заедно со градоначалникот меѓутоа моите информации кои што ги добивам секојдневно од Центарот за управување со кризи кажуваат дека во Скопје ниту еден ден нема без разлика дали има сонце или ветер каде што концентрацијата на честичките е под максимално дозволената концентрација“ – вели Колариќ за Детектор.
Таа потсетува дека сите научни истражувања па и Светската здравствена организација потврдува дека во Скопје 1200 луѓе умираат како последица на загадениот воздух.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега