Колинда му покажа среден прст на пејачот Шкоро (ФОТО)

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ реагираше на неодамнешната изјава на Мирослав Шкоро и Нино Распудиќ за абортус во случај кога жена е силувана.

 

– Им се придружувам на сите жени кои со овој „непристоен“ чин го покажуваат својот став и го креваат гласот против оние кои се обидуваат да не вратат векови наназад. Помина времето кога жената седеше во ќош чекаше што тато ќе ѝ каже. Секогаш сум била за живот, но и за живот кој има право на избор. Без притисоци, без стигматизација и услови, посебно во најчувствителните животни ситуации како силување, наведе таа.

Поранешната претседателска на Хрватска поради тоа во знак на поддршка го „крена средниот прст за жените и нивните права, но и за мажите кои ги поддржуваат“.

 

Мирослав Шкоро, изјави дека жената, ако забремени после силување, мора да се договори со семејството што ќе направи, а Распудиќ во текот на соочувањето сугерираше дека абортусот не би требало да им се дозволи ниту на силуваните жени.

 

18.06.2020 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега