Колку изнесува нормалната телесна температура - лекарите дадоа одговор

Во денови кога за зголемена температура се зборува како за еден од главните симптоми на коронавирус, добро е да се знае колкава е нормалната телесна температура.

Од 1851 година за нормална телесна температура се смета 37 степени Целзиусови која ја установил Крал Вундерлих, „татко на клиничката термометрија“.

Меѓутоа, гемранскиот доктор исти така воочил отстапки во температурата зависно од староста и полот и забележал дека нормалната температура подобро се опишува како распон.

Човечкото тело нема постајана температура, а зависно од староста, добата од денот, па дури и активностите кои се извршуваат, точно може да се опише распонот на температурата: помеѓу 36,1 и 37,2 степени Целзиусови.

Температурата може да варира кај поединци, каде некои членови од семејството се постојано потопли од другите. Тоа не е секогаш лошо. Нормалниот распон за гповеќето луѓе е помеѓу 36 и 37 степени.

Студија од 2017 година објавена во весникот Бритиш Медикал Џурнал, а во која учествувале 35,488 лица покажала дека просечната телесна температура е 36,6 степени Целзиусови, малку пониска од тоа што било установено во 1851 година. Студија од 2020 година утврдила дека просечната телесна температура со текот на времето се намалила. Просечно на секои 10 години температурата се намалувала за 0,03 степени.

Промената на телесната температура може да се поврзе со подобрување на човечкото здравје и животниот век, затоа што температурата е показател на брзината на метаболизмот.

Експертите велат дека жените може да имаат различна телесна температура за време на менструалниот циклус и истакнуваат многу други фактори кои влијаат секојдневно.

До зголемување на температурата доаѓа поради зголемување на кортизолот - хормонот на стрес во телото во текот на денот.

Високата температура е еден од првите симптоми за болест. Треската е показател дека вашето тело се бори против инфекција, а често е поврзано со главоболка, замор, болки во телото и потење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега