Колку коронавирусот живее на пластика и картон - на кој начин се пренесува заразата

Загрижувачки утврдено е дека коронавриусот може да преживее на пластични и челични површини и до три дена, додека во честичките во воздухот може да живее околу 3 часа, вели новата студија која ја финансирал американскиот национален институт за здравје.

Студијата открила дека стабилноста на вирусот Сара Ков 2 кој ја предизвика болеста Ковид-19 е слична на онаа кај Сарс-Ков-З во експериментално услови. Резултатите од овој лабораториски извештај овозможиле научниците да утврдат колку долго новиот коронавирус се задржува на површините околу нас, а колку долго преживува во воздухот, иако научниците истакнуваат дека се потребни уште истражувања за да биде дефинитивно утврдено.

1. Коронавирусот успева да преживее 72 часа на нерѓосувачки челик и пластика 2. На бакар се задржува 4 часа, додека 24 часа живее на картон 3. Во честитчките и капките во воздухот останува активен до три часа.

Студијата укажува дека пренесувањето на вирусот Сарс-Ков-2 е можно и преку воздух и одредени материјали, а овие начини на пренесување се поврзуваат со ширењето на вирусот во болничкото опкружување, во кое може да дојде до „суперширење“ , односно дека еден заболен може да зарази десетина или стотина луѓе, тврдат научниците.

Друга студија која е објавена минатиот месец во еден научно списание открила дека човечкиот коронавирусот, како што е оној кој предизвикува Сарс може да преживее на предметите кои не опкружуваат - метални, стаклени, пластични - дури девет дена ако површината на која стојат не е дезинфицирана. Ова открите е од големо значење за понатамошните истражувања, затоа што Сарс е познат „роднина“ на новиот коронавирус.

-Како што е веќе познато, вирусот може да се пренесе преку капки и течности. Кога тие ќе излезат од инфицирана личност, преминуваат одредена оддалеченост пред да се најдат на местото на кое запираат. Во тие ситуации, во здравствените установи е многу важно работниците да преземат дополнителни мерки за заштита, како што се носење маски - вели докторката Марија ван Керков, епидемиолог од СЗО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега