Колку пари влегле во Буџетот поради неносење заштитни маски на отворено?

Помеѓу 1.360.000 и 2.720.000 евра „заработила“ државата од казни за неносење заштитни маски, објави Сител.

Од Министерството за внатрешни работи досега регистрирале 136.277 прекршоци. Казната за неносење маска изнесува 20, односно 10 евра доколку се плати во рок од осум дена.

-Граѓаните да ја почитуваат оваа мерка, односно, да носат заштита на лице, не за да ја избегнат оваа казна, туку за заеднички придонесеме за спречување на ширењето на коронавирусот, истакна портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за Сител.

Сепак, многу пари во буџетот се слеале од другите казни како што се за групирање, непочитување на решенија за изолација, прекршување на полицискиот час...

Засега сумата која влегла во буџетот по овие основи не е позната.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега