Колку тоалетна хартија е потребна за карантин?

Додека епидемиолозите и лекарите ширум светот се прашуваат зошто луѓето во последните недели купуваат неверојатни количини тоалетна хартија, граѓаните продолжуваат да купуваат. И да се прашаат – колку навистина тоалетната хартија ни е потребна?

Празните рафтови во супермаркетите ширум светот покажуваат дека сѐ уште преовладува идејата дека не е доволно.

За тие кои се прашуваат дали се исплати да се отиде уште еднаш или пет пати во набавка, интернет страницата howmuchtoiletpapper.com може да понуди одговор.

На оваа страница се наоѓа алат кој смета колку време ќе ви траат залихите за време на карантинот.

Од вас се очекува да внесете колку ролни тоалетна хартија имате, како и колку пати дневно го посетувате тоалетот, како и уште неколку „попрецизни“ детали.

Авторите велат дека повеќе од два милиони луѓе веќе ја посетиле страницата како и оти просечниот корисник има неверојатни 500 отсто повеќе тоалетна хартија отколку што му е потребн за карантин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега