Колони возила на граничните премини - АМСМ со информација за оние кои патуваат надвор од земјава

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничниот премини  Табановце за влез и излез од државата се чека околу 30 минути, додека на Богородица се чека триесетина минути само за излез.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Особено да се внимава на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Каква е состојбата на граничните премини може да погледнете ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега