Комбе на МВР удри во автомобил во Скопје - жена со тешки повреди однесена во болница

Жена се здобила со тешки телесни повреди откако доживеала сообраќајна несреќа во Скопје.

-Вчера утрината во 08:45 часот на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе сопственост на МВР , управувано од Ѓ.Н.(46) од Велес и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.М.(49) од Скопје. Во незгодата, со повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“, Х.Т.(48) од Скопје. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје - информира МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега