Комбе со мигранти удри во три возила во Струмица

Комбе со мигранти предизвика сообраќајна несреќа вчера на ул.„Младинска“ во Струмица. Според информациите комбето, управувано од С.С.(27) од Кочани, удрило во „алфа ромео“, управувано од Б.Б.(26) од Струмица и во две паркирани возила.

Полицијата во комбето пронашла 32 мигранти, од кои 15 од Авганистан, девет од Пакистан, шест од Бангладеш и по еден од Сирија и Ирак.

По незгодата, во Медицински центар Струмица биле пренесени осум мигранти, при што кај двајца биле констатирани тешки телесни повреди, а кај шестмина телесни повреди.

Возачот бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар Винојуг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега