Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Дали со блок тарифите на регулаторот следи енергетско „цунами“ за македонскиот народ?

Математиката е егзактна наука. Еден плус еден се два, два и два се четири и тоа важи во целиот свет, но не за Бислимоски. И не секогаш   во Македонија,  особено кога со математика и бројки се занимава  картелот од Муртино во спрега со  тандемот Ковачевски неговите министри и сопартиjци. Како поинаку да се толкува веселава математика и циркузијада која ја припреми вчера претседателот на Регулаторната комисија за енергетика?! Ова е истакнато во статус на социјалната мрежа Фејсбук, на профилот на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако се направи мала анализа на таа нивна  ‘ШАМПИОНСКА’  математика, ќе бидете принудени, сакале или не, да поминете на весела математика. Па така ако почнеме од временскиот период на читање на броилата 35 дена, Бислимоски со тајфата во улога на „перачи на мозоци“ велат дека годишно ќе добивате помалку од 10,5 сметки односно ќе ги „фатите“ дека безобразно лажат. Со  калкулатор, хартија и молив, ќе пресметате колку сметки би добиле годишно. Веселата математика околу поскапувањето на електричната енергија и нивните прогнози вели дека струјата ќе била иста или за некои домаќинства и поевтина, но праксата покажува дека тие секогаш  се што прогнозирале - промашиле. Па уште и фалбите дека со раздвојување на сметките за дистрибуција и снабдување ќе сме почнеле целосно да го либерализираме пазарот на електрична енергија. Всушност и блок тарифите и раздвојувањето на сметките е трик на Бислимоски, за да не може прецизно да се дефинира процентот на зголемување на електричната енергија од јули 2022 година. А, сигурно ќе биде не помалку од 30 %!

„Шампионите“ во енергетиката само пред три години проектираа  дека електричната енергија не би надминала 60 еур/MWh до 2040 година, наспроти предвидувањата на цела Енергетска заедница за енормен раст и недостаток на ресурси, за денес да имаме цени од 300 еур/MWh. Можеме да сфатиме кога толкава грешка направиле самонаречените стручњаци на СДС во документот кој го нарекуваа Енергетска Стратегија.  Какво цунами ќе предизвика ова поскапување со разорено и уништено домашно производство, со поплавени рудници, со уништени багери и со неодржувани термоелектрани во РЕК Битола.

Додека сите енергетски компании во светот бројат милионски профити, неспособноста на СДС и шампионскиот тим од енергетиката ги доведоа сите домашни енергетски компании на раб на блокирани сметки, двојно го зголемија долгот за само неколку месеци од оваа година, живееме на кредити.

Последниот удар на граѓаните на Македонија ќе им го зададе „цунамито“ наречено РКЕ и Бислимоски, во спрега со Владата преку т.н. блок тарифи за електрична енергија

 

Посебно ќе биде тешко за оние домаќинства кои се греат на струја, а тоа мора да го прават на струја бидејќи во најголем дел од Македонија  нема друг начин за греење. Е, тогаш најдобро ќе се почувствува цунамито на Бислимоски“, се наведува во статусот на најголемата опозициска партија.

 

07.06.2022 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега