Комисија за енергетика на ВМРО - ДПМНЕ: Енергетска пропаст во Македонија

„Прво го запалија трансформаторот на Блок 3 во РЕК Битола, а утрово излезе од погон и Блок 1 поради пукната цевка во котел. Со тоа РЕК Битола е комплетно надвор од погон, бидејќи Блок 2 е сẻ уште во ремонт. Самонаречените „шампиони“ во енергетиката се дефинитивно шампиони, ама во негативна смисла на зборот. Со производство на енергија во РЕК Битола од 0 MW, „шампионите “ во енергетиката го имплементираат во целост зеленото сценарио за чиста енергија“-реагираат утринава од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на социјалната мрежа Фејзбук, во однос на прекинот на Блок 1 на РЕК Битола.
 
„За жал, овој товар на македонската економија ќе биде претежок за граѓаните на Македонија, бидејќи сега недостатокот на електрична енергија ќе биде од увоз, а цените на берзите се сẻ уште високи. За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДС и ДУИ ќе мора да си понесат одговорност!“-се додава во фејзбук статусот на Комисијата.

 

08.11.2021 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега