Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со патниците болни од Ковид-19 што поминале низ земјава нè дискредитира како држава

„Ниту еден од патниците не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, соопшти Министерството за здравство. Ова е официјалното соопштение и образложение со кое надлежните институции објаснуваат како авион со патници позитивни на Ковид-19 од нашата земја слетува во друга држава, во конкретниот случај во Финска“ велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, во официјалното соопштение се вели: „Според Министерството за здравство, станува збор за патници, иселеници, што доаѓаат во земјата или транзирираат од разни причини, а потоа се враќаат на работа во Западна Европа за кои со дозвола за престој или државјанство од ЕУ не важат рестрикциите при влез и излез од земјата“. Се поставува прашањето дали надлежните институции прават каква било контрола на патниците што слетуваат во земјата, кои транзитираат и продолжуваат на некоја следна дестинација?, се вели во соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Каде нè позиционира ваквото неодговорно однесување на картата на Европа во однос на менаџирањето и справувањето со пандемијата на Ковид-19? Каква слика оставаме кон нашите земји партнери од НАТО и ЕУ, а и најмногу кон сите оние земји што сè уште не ни ги имаат затворено границите? За патниците што транзитираат преку Р. Македонија, се поставува прашањето дали аеродромот е целосно отворен и дали тие воопшто биле тестирани од дестинацијата од која доаѓаат, дали некој ги контролира кај нас или, пак, директно летаат кон следната дестинација? Постои ли каква било контрола или одговорност за еден ваков случај, кој потенцијално дополнително нè дискредитира како држава во однос на начинот на кој ја менаџираме кризата предизвикана од Ковид-19 ?“, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега