Кондовски: Ќе создадам услови за зголемен број на туристи во потпелистерието

Потпелистерскиот туризам ги има сите предуслови да биде најдобриот битолски извоз, истакна кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Христо Кондовски.

За време на денешната средба со сопственикот на „Вила Дихово“, уникатен сместувачки капацитет во селото Дихово, Кондовски посочи дека ќе ги поддржува идеите на стопанствениците кои развиваат туризам во потпелистерието.

-Слушнав многу позитивни идеи за решавање на недостатоците што со години ги мачат сопствениците на овој и на слични капацитети во потпелистерието. Ќе работиме максимално тие мали работи што ги бараат, а големи за селото и за потпелистерието, да се исполнат. Како градоначалник ќе дадам поддршка за организиран бесплатен превоз до потпелистерието со цел да се зголеми бројот и на домашни туристи, да се реши проблемот со канализацијата и на секој начин да се помогне туризмот во потпелистерието, изјави Кондовски.

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од СДСМ Христо Кондовски во текот на денот ќе оствари средби со други целни групи.

 

03.10.2021 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега