Кондовски: Секој 15-ти во месецот ќе даваме извештај во делот на работењето

Сигурно нема да чекам како противкандидатот Коњановски четири години за да го решавам проблемот со загадувањето само со топлификација и гасификација. Напротив ќе преземеме и серија други мерки уште од првиот ден, изјави вечерва во Топ Тема на ТВ Телма кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалициските партнери, Христо Кондовски.

„Секако дека на процесот на гасификација и топлификација ќе работиме секојдневно, но и на решавање на загадувањето ќе работиме уште од првиот ден таму каде има услови за работа, а тоа е промена на сообраќајните решенија, изградба на вело патеки, така што луѓето ќе користат повеќе велосипеди, наместо автомобили. Секако дека ќе направиме еден пооптимален градски превоз со помали возила. Тоа ќе бидат електрични и хрибридни возила кои ќе минуваат почесто и нема да вршат загадување. Секако дека ќе извршиме субвенционирање уште од првиот момент на такси возилата за да преминат на електричен и хибриден погон”, рече Кондовски. Тој посочи дека особено ќе се засили работењето на комуналните служби во градот.

„Ќе обрнеме внимание на ефикасноста на јавното претпријатие Комуналец. Битола има да биде чиста уште во првата недела. И на тој начин загадувањето ќе се намали во еден сегмент. За секој метар квадратен бетон ќе има метар квадратен зеленило. Додаде дека посебен акцент ќе се стави и на мерките за енергетска ефикасност.  Јас и како приватник сум субвенцинирал такви мерни станици за да го мериме загадувањето и секако дека објективно на секој 15-ти во месецот ќе даваме извештај во делот на работењето на општинската администрација, исполнувањето на програмата на градоначалникот и во делот на загадувањето затоа што тоа претставува наша обврска“, рече Кондовски.

27.10.2021 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега