Конфилктите во Нагорно-Карабах не престануваат - жителите ноќта ја минале во засолништа

Во Нагорно-Карабах обновени се конфликтите и борбите од вчера утрото практично не престануваат. Жителите на Степанакерт, престолнината на тој регион, првата ноќ ја поминале во засолништа. Сепак, сирена за воздушна опасност немало.

„Во текот на ноќта во Степанакерт, каде се актуелни мерките за затемнување и во градот скоро и нема осветлен прозор, работела само продавницата за воено вооружување и опрема“, наведува дописникот на Спутник Ерменија.

Сопственикот објаснува дека продавницата е отворена 24 часа, не само поради тоа што неговата роба е сега неопходна, туку затоа што се наоѓа под станбена зграда и во случај на напад луѓето може да се сокријат.

Првата воена ноќ во главниот град поминала без сирени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега