Коњановски: Битола во моментот e едно големо градилиште, се асфалтираат улици, се работи на спортски терени, противпожарна зграда, така и ќе продолжиме

Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола, кажа дека ги реализираат проектите кои ги ветиле пред локалните избори.

„Почитувани,

 
Денес во посета на Битола е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Д-р Христијан Мицкоски. Повод на денешната посета е увид во работните активности кои ги спроведуваме во локалната самоуправа, тоа се дел од проектите кои се веќе завршени, ревитализации на улици и инфраструктурни проекти пред се, дел со она што го работиме во моментот и нашите предвидувања и планови до крајот на идната година. 
 
Се наоѓаме на потегот на влезот, новиот влез современ према Охрид за Битола со кој Битола ќе добие еден современ влез во градот од страната на Охрид. Се работи за потег од должина од 600 метри, улицата цела беше во три етапи изведувана, двете етапи ги работевме со доаѓање на оваа локална самоуправа. Ревитализиран е мостот на реката „Курделец“ со делот од коритото, потполна нова инфраструктура, ново осветление, партерно уредување на страните, така да од еден коловоз од 8 метри сега имаме коловоз од 11 метри, ако ги додадеме на тоа проширувањата фактички патеките од едната и од другата страна имаме 14 метри проширена улица, современ влез како што реков во Битола.
 
Останува потегот мостот на Довлеџик, тоа е во вредност од 50 милиони денари, инвестиција на ТАВ кој треба скоро да отпочне, фактички она што не беше предвидено од нашите претходници, девијација на мостот за да граѓаните едноставно можат да ја поминуваат реката „Драгор“ во период додека тој мост се санира.
 
Значи тоа ќе биде современ мост со должина од 30 метри, широк  21 метар, така да целиот тој влез во Битола ќе биде сосема современ, нов и осветлен. Инаку целиот овој потег кој го гледате во должина како што кажав од 600 метри е во вредност од 22 милиони денари. Ова се само дел од работите кои ги работиме во моментот, тоа е проектот од 23 ревитализација, реконструкција и изградба на нови улици во Битола, 23 како што спомнав, моментално на 13 се работи од кои 5 се завршени, останатите се во тек на доработка или асфалтирање. Сега со претседателот ќе направиме увид и на неколку локации каде што веќе се асфалтира.
 
Вкупно улиците кои досега се направени, 5 завршени се во должина од 8 километри, да бидам попрецизен, во изминативе 6 и пол месеци, а  во тек на изведба деновиве се улица Штипска, Брегалница, Бранислав Нушиќ, Христо Узунов, значи тие за наредниве 10 дена ќе бидат завршени, а до средината на месецот и потегот Македонска фаланга, заокружување на фактички доизградба на офицерскиот дом.
 
Исто така да напомена дека селото Дихово се асфалтираше потег, еден крак од Логоварди, иако на сето тоа ги додадеме проектите кои ги работиме проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ како што е противпожарната зграда за која веќе е објавен повик за проектирање.
 
Проект исто така за прифатилиштето за бездомни животни, работиме на просторот на спортски терен како што е спортски комплекс, така да можам да кажам дека Битола  е во овие месеци едно големо градилиште, така и ќе продолжиме, и ако ги запрашате не само граѓаните , туку и вработените во локалната самоуправа кои имаат полна капа со работа ќе ви кажат дека во период  до половина од годината когаш до сега немало толку инфраструктурни проекти. Тоа е наша заложба, тоа е она што го ветивме на граѓаните и работиме за подобра иднина за сите нас, за нашите деца“, кажа Коњановски.

 

03.06.2022 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега