Контроверзната убавица која е повеќе гола отколку што е облечена, повторно изненади: „За мене сексот е како миење заби“

Полусестрата на Кејт Мос, Лоти Мос, често ја интригира јавноста со голи фотографии, а неодамна ја шокирала публиката со отворените тврдења за тоа дека за неа сексот е исто што и миењето заби.

23-годишната Лоти неодамна ја потврди својата врска со музичарот Тристан Еванс од групата „The Vamp“, а за медиумите рече и дека имаат односи секое утро.

Имено, Лоти акцентирала дека ужива во својата сексуалност и затоа лесно тоа го покажува на социјалните мрежи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lottie Moss (@lottiemossxo)

„Да, работам на 'OnlyFans' и се чувствувам како тоа да е карактеризирано како нешто валкано и одвратно, но сексот е одлична работа. Тоа би требало да биде забавно и лесно и добра тема за разговор. Сите имаат секс, па зошто толку се срамиме од тоа“, рекла таа за „The Sun“.

„Тоа е нешто што сите го прават наутро. Кога ќе се разбудат, сите ги мијат забите и имаат секс. Не во исто време... па, можеби и да! Зависи од положбата. Многу сум позитивно настроена кон интимата“, додава таа.

Контроверзната убавица минатата година признала дека може да почувствува привлечност кон сите родови идентитети и полови, како и дека може да им ја покаже вратата на сите на кои тоа не им одговара.

„Луѓето со кои излегувам секогаш го прифаќаат мојот избор, а ако не - знаат каде е вратата“, потенцирала таа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lottie Moss (@lottiemossxo)

28.09.2021 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега