Короната го покоси фудбалот: Драматичен пад на вредноста на играчите на најголемите клубови

Коронавирусот жестоко удира по елитниот фудбал. Поради застојот во сезоните и во европските натпреварувања драстично падна пазарната вредност на играчите од лигите кои припаѓаат на големата континентална петорка. Во студијата што ја објави Меѓународниот центар за спортски студии се проценува дека падот на вредноста на фудбалерите е околу 30 проценти.

Најголем процентуален пад има францускиот Олимпик Марсеј од речиси 38 проценти. Но, веднаш зад него се и Интер со 35,7%, Реал Мадрид се соочува со пад од речиси 32 проценти, Барселона има пад на вредноста на фудбалерите од 31,3%, Манчестер Сити со 30.8 %. Во конкретни суми, вкупниот пад е од 32,7 милијарди евра на 23, 4 милијарди евра.

Интер има загуба од 276 милиони, Баерн минхен 267 милиони евра, Барселона 366 милиони евра, Реал Мадрид 350 милиони евра, Пари Сен Жермен 302, Манчестер Сити 412 милиони евра, Манчестер Јунајтед 293 милиони евра. Од Јунајтед доаѓа и играчот кој има најголем пад во вредноста. Пол Погба кој претходно беше проценет на 65 милиони евра, а сега неговата вредност изнесува 35 милиони евра.

При анализата се земени в предвид фактите дека претстојниот период нема да има натпревари, а нема ниту да има продолжување ниту нови договори до периодот од 30. јуни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега