Коронавирусот го зголеми и бројот на смртни случаи од предозирање

Од почетокот на пандемијата, бројот на смртни случаи поврзани со предозирање со наркотици е значително зголемен во Канада, покажуваат податоците објавени во оваа земја, пренесува „Блиц“.

Јавен службеник во провинцијата Онтарио, задолжен за истражување на насилна или сомнителна смрт, проценува дека бројот на предозирање се зголемил за 25 проценти во последните три месеци.

Во канадската провинција Британска Колумбија, бројот на смртни случаи предизвикани од предозирање „скокна“ за дури 40 проценти во однос на истиот период минатата година.

-Драматично, слични трендови се пријавуваат ширум Канада, рече Тереза ​​Тем, главен извршен директор на канадската агенција за јавно здравје.

Шефот на јавното здравство во Британска Колумбија, Бони Хенри, на неодамнешната прес-конференција, во солзи рече дека бројот од 170 смртни случаи поврзани со предозирање во мај бил поголем од бројот на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во таа провинција.

„Ковид-19 не е наша единствена здравствена криза“, рече Хенри.

Се проценува дека изолацијата, потешкиот пристап до институциите кои им помагаат на зависниците и здравствениот приоритет даден на Ковид-19 се причините за зголемувањето на случаите на предозирање од почетокот на пандемијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега