Коронавирусот однесе уште две жртви во Србија- во текот на ноќта починаа маж и жена

Во текот на ноќта во Србија починале уште два пациенти кај кои бил потврден Ковид-19, објавија утринава српските медиуми.

Станува збор за К.С. (80) кој беше хоспитализиран во Клиниката за инфективни и тропски болести КЦС и кој во последните неколку  дена се наоѓал на респиратор, а докторите вложиле максимум за време на неговото лекување.

Тој инаку боледувал од кардиомиопатија, имал хипертензија, хронична опструктивна болест на белите дробови и дијабетес.

Другата жртва е жена П.Б. (62) која била хоспитализирана во Клиничкиот центар Ниш и која се наоѓала на респиратор и под постојано внимание на медицинските тимови, кои направиле се за да ја спасат.

Како што се наведува, сепак дошло до смрт, а починатата хронично лекувала артериска хипертензија и дијабетес, како и артритис.

Во Србија од коронавирусот досега починаа вкупно шест лица.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега