Коронавирусот постоел уште пред 7 години, но се молчело: Тестирани рудари од Кина имале антитела

Истрага открила дека коронавирусот постоел пред седум години, кога рудари кои работеле во рудник полн со лилјаци и стаорци во Кина се рзаболеле, а примероци биле испратени во лабараторија во Вухан.

Кинеските научници откриле вирус сличен на Ковид-19 пред седум години, но тие наводно молчеле за тоа пред избувнувањето на пандемијата, пренесуваат странските медиуми.

Истрагата „Сандеј тајмс“ наведува дека вирусот најблизу до новиот коронавирус е откриен во напуштен рудник во 2013 година, а примерокот е однесен во лабораторијата за вирусологија во Вухан.

Пронајден е во рудник за бакар со лилјаци и стаорци во југозападна Кина.

Наводно, шест мажи се разболеле во 2013 година со висока температура, кашлица и пневмонија откако работеле во рудник, а двајца починале.

Останатите четири беа тестирани и се покажа дека се позитивни за антитела на коронавирус.

Светската здравствена организација (СЗО) изврши притисок врз Кина да ги испита тврдењата дека вирусот би можел да „протече“ од лабораторија во Вухан.

Патем, Институтот е најголемата лабораторија за заразни болести во светот и наводно извршил експеримент со висок ризик во обид да открие што може да предизвика пандемија, пренесуваат странските медиуми.

The Sunday Times пишува дека стотици примероци од коронавирус биле собрани од оддалечените делови на Кина и биле вратени во градот за тестирање.

Сепак, институтот Вухан вели дека овие експерименти биле одложени затоа што не биле доволно блиску до САРС.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега