Коронавирусот предизвикува оштетување на белите дробови, дури и неколку месеци по инфекцијата!

Најновите истражувања покажаа дека коронавирусот може да предизвика абнормалности во белите дробови повеќе од три месеци по инфекцијата.

Истражувањето е направено на Универзитетот во Оксфорд, а научниците користеле нова техника на набљудување за да ја идентификуваат штетата што не ја забележале докторите при класичниот преглед, пренесува „Би-Би-Си“.

Научниците, наводно, користеле ксенон гас за време на магнетна резонанца за да добијат јасни снимки од оштетување на белите дробови.

Новата истражување се состоело од пациенти кои вдишуваа гас за време на снимањето на нивните бели дробови. Снимање било извршено на 10 пациенти на возраст од 19 до 69 години, од кои осум имале отежнато дишење, а некои се пожалиле на замор три месеци по болеста, иако не биле на интензивна нега или хоспитализирани.

За време на скенирањето, овие осум пациенти покажале оштетување на белите дробови нагласувајќи области каде воздухот не оди лесно во крвта.

Поради првите откритија од истражувањето, се планира да се испитаат до 100 лица, со цел да се утврди дали тоа се случува кај пациенти кои немале силни или немале никакви симптоми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 23:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега