Коронавирусот продолжува да „дивее“: Шпанија е првата европска земја каде бројот на заразени надмина еден милион

Шпанија ја надмина бројката од еден милион заразени вчера, само шест недели откако стана првата западноевропска земја што забележа 500.000 случаи на инфекција со коронавирус.

Според новите податоци, во оваа земја се регистрирани 1.046.641 случаи на инфекција со коронавирус.

Во текот на минатата недела починаа 575 лица, така што бројот на мртви сега е 34.366 лица.

Според „Гардијан“, оваа земја размислува за воведување полициски час.

Сепак, некои политичари веруваат дека ова ќе ги загрози напорите направени за време на вториот бран на вирусот.

Претседателката на регионот во Мадрид, Изабел Дијаз Ајузо, вети мерки што ќе ги поврзат здравството и економијата.

„Најважно за нас е економијата повеќе да не страда“, рече таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа