Коронавирусот влезе и во судниците: Денеска одложени две рочишта- Одбраната бара протоколи за судење

Есенскиот бран на коронавирусот влезе и во судниците и денеска одложи две судења.

По одложувањето на случајот „Таргет-Тврдина“ поради тоа што обвинетиот Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19 денеска беше одложено и рочиштето за „27 април“.

Како што известија адвокатите на обвинетите, Трајко Вељановски и Спиро Ристовски се во самоизолација откако имале контакт со заразени со коронавирусот. Позитивен на Ковид-19 е и еден од адвокатоте во овој случај. 

Адвокатот Еленко Миланов бара од Комисијата за заразни болести да направи протокол бидејќи изминатите денови се одложиле и неколку други големи предмети, па наведува дека е невозможно да се биде во судница со повеќе од 50 лица и да се биде на растојание, а посебно имајќи во предвид дека во судниа се задржуваат и по неколку часа.

 Оттука одбраната денеска побара судиите меѓусебно да ги координираат термините за закажување на судењата.

Шестмина вработени во судот се позитивни на Ковид-19 а уште 15-тина се во самоизолација потврдуваат од таму. Уверуваат дека преземаат мерки за да не се шири болеста ниту меѓу вработените, ниту во судниците.

Од Кривичниот суд пак велат дека се почитуваат мерките и протоколите, се дезинфицираат простории, се носат маски, се држи дистанца и во ходниците има гелови за дезинфекција.

Миле Јанакиески кој е обвинет во 7 предмети и денеска преку неговиот адвокат се пожали дека секојдневно има темрини за судење а се случувало и во ист ден да треба да се јави и на две до три различни судења. Адвокатот Миланов вели немаат време да се подготвувата за испрашување на сведоци и вештаци. Треба да подготвуваат одбрана а не да бидат слика во судница.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега