Косовската полиција негира дека нејзините припадници претепале тројца Срби

Косовската полиција денеска негираше дека нејзините припадници претепале тројца Срби во близина на преминот Брњак.

Косовската полиција во соопштението наведува дека информацијата е неточна и има за цел „да ја дезинформира јавноста, да ја прикаже ситуацијата како неизвесна за граѓаните, како и да исполни различни политички амбиции надвор од Косово“.

„По официјалните проверки, таквите информации се покажаа како невистинити, бидејќи на граничниот премин немаше запирања или контакт со ниту еден демонстрант, но полициската единица провери три камиони, односно нивните возачи кои возеа зад полицискиот конвој, загрозувајќи ја безбедноста “”, објави косовската полиција.

Како што е наведено, „полицијата приведе, провери, а потоа ослободи тројца возачи од косовска националност, на кои им беше наложено да се пријават во полициската станица Јужна Митровица“.

Заедно со објавата, беа доставени и документите за идентификација на тројцата уапсени, кои беа проверени од полициските службеници, и, како што велат од косовската полиција, истовремено ги демантираат вестите и дезинформациите на медиумите.

Како што претходно објави српската државна телевизија РТС, „двајца од тројцата Срби кои утрово беа претепани од припадниците на специјалните полициски единици Росу на административниот премин Брњак, се здобија со тешки телесни повреди и беа хоспитализирани на хируршкото одделение на КБЦ Косовска Митровица“.

Директорот на КБЦ Косовска Митровица Златан Елек за РТС рече дека „повредите што произлегуваат од ударите се најверојатно со кундаци од пушка и со нозе.

 

23.09.2021 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега